Бизнисменот Орце Камчев бара да му бидат надоместени 1,5 милион евра од Бојан Јовановски, Катица Јанева и државата, поради што ги тужи пред Граѓанскиот суд. Тој, ги бара парите кои наводно им ги дал на осудените во „Рекет”, иако додека траеше кривичната постапка бизнисменот немаше статус на оштетен, туку на сведок. Камчев од тужбата го изостави осудениот Зоран Милевски-Кичеец, односно од него не бара ниту евро.

Поранешната специјална обвинителка, пак, побара и самата да присуствува на судењата против неа. Нејзиниот адвокат и син, Лазар Јанев, побара од судот, за следното рочиште да упати барање до затворот „Идризово“ за спровод на следното рочиште. Во однос на прашањето зошто се тужени државните институции, одговор нема ниту Сашо Дуковски, застапник на Јовановски. Рочиштето се одложи и ќе продолжи во средината на февруари.

Тужената има желба да присуствува на рочиштето, но не е дозволено зошто нема барање од судот. Бараме за наредното судско рочиште тоа да биде направено, рече Јанев.

Судијата укажа за можно одлоговлекување на постапката.

Доколку се обезбедува лице во постапка, морам да посочам, дека може да се одолговлекува постапката и се големи трошоците, рече судијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.