Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Oбвинителен предлог против две лица кои се товарат за кривично дело – телесна повреда. Осомничените, мајка и син, при вршење семејно насилство телесно ја повредиле сопругата на обвинетиот, односно снаа на обвинетата.

Како што информира Јавното обвинителство, за време на семејниот ручек на 19 март, мајката и синот ја обвиниле оштетената дека краде предмети од дома и ги носи кај својата мајка, по што физички ја нападнале. Ја удирале со закачалка и со тупаници и клоци, нанесувајќи и телесни повреди. Сестрата на обвинетиот успеала да ги оттргне, по што оштетената се заклучила во собата и настанот го пријавила во полиција



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.