Откако јавното обвинителство во Струга денеска поднесе обвинителен акт против тројца доктори од струшката болница, зашто на родилката Јилдз Веапоска и ги извадиле матката, јајникот и бубрегот при нешто што требало да биде рутинска операција со царски рез, Слободен печат објави делови од медицинското вештање спроведено до судска медицина. Вештаците констатирале дека има скандалозни пропусти во лекувањето на Веапоска, кои што довеле до тоа здрави органи да и бидат извадени.

Влошувањето на здравствената состојба кај Веапоска до степен да биде загрозен нејзиниот живот, настанало заради оштетување на левата бубрежна артерија при изедување на царскиот рез. Заклучокот дека артеријата е оштетена за време на царскиот рез произлегува од два факти. Едниот е дека влошувањето на здравствената состојба почнува по царскиот рез што се гледа преку лабораториските наоди, висината на крвниот притисок и пулсот. Вториот факт е тоа што кај Веапоска никогаш не биле констатирани никакви заболувања во крвните садови кои би довеле до спонтано прскање на бубрежната артерија. Очигледно е дека оштетаната според симптоматологијата што ја имала и лабораториските наоди, крварела. Основен проблем и пропуст во лекувањето на Веапоска е непреземањето никакви мерки да се открие од каде крвави и која е причината за крвозагубата, пишува во вештачењето од судска медицина.

По утврдувањето на тешката состојба кај Веапоска, пак се направени пропусти односно погрешно се поставени дијагнози. Оперативните зафати не го решиле проблемот односно матката и левиот јајник не е јасно зошто се извадени бидејќи според наодот од институтот за патологија нема никакви повреди на овие органи. Не е јасно зошто се отстранети матката и јајникот бидејќи главното крвавење било во просторот зад стомачната марамица каде матката и јајникот не се наоѓаат, пишува во медицинското вештачење.


Целиот текст на Слоботен печат



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.