Вчера во 15.00 часот во ОВР Гостивар, 25-годишна гостиварка пријавила дека на 05.07.2024 година околу 12.00 часот нејзиниот невенчан сопруг Ф.Н. од гостиварски Градец, со кого биле разделени, барајќи од неа да повлече судска пријава во врска со семејно насилство, со сила ја однел со такси во неговиот дом и ѝ упатил закани.

Од СВР Тетово преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.