Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на цела Македонија при што санкционира 434 возачи за брзо возење од кои 27 се движеле со 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Како што информира МВР, 204 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 230 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, апелира МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.