МВР соопшти дека при вчерашната акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици се констатирани 31 сообраќаен прекршок, а едно возило било упатено на вонреден технички преглед.

Контролата е спроведена од 06.00 до 10.00 часот на територијата на целата држава.

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, наведува МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.