Триесет и осумгодишниот тетовец, вчера во 14 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавил дека минатата година стапил во контакт со женско лице од Кочани, кое му ветило дека за одреден паричен надоместок ќе му обезбеди бугарски документи. Но, до пријавувањето лицето не му ги обезбедило документите, ниту му ги вратило добиените 29.300 денари.

Истото лице, поради сомнение за иста измама вчера било пријавено и од 36-годишен жител на тетовско Глоѓи, кој за таа цел и платил 25.800 денари.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случаите, велат од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.