Вчера во 14.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 13.00 часот од место викано „Рамно“ до место викано „Биљак“, по шумски земјен пат на подрачјето на с.Мирковци, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.А.(27) од Скопје изгубил контрола и паднал на патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.А.(31) од Скопје, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.