Затвореник од Затвор-Штип утринава во 1.30 часот побегнал од одделот за ортопедија и трауматологија во Клиничка болница-Штип. Бегството на 48 годишниот осуденик за МИА го потврдува директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров и портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска.

Станува збор за 48 годишен пациент на кого требало денеска да му се извади шраф од кукот, во 1.30 часот се јавил дека ќе излезе на воздухот, но пациентот по лифтот излегол од зградата и му се губи трагот, вели Шуманска.

Директорот на Затвор-Штип, Тодоров вели дека станува збор за осуденик кој е повратник,а за издржување на затворската казна има уште една година и пет месеца. За двајцата затворски службеници кои требале да го чуваат во болницата ќе биде покрената дисциплинска постапка и најверојатно ќе бидат суспендирани се до решавањето на дисциплинската постапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.