Пожар избувна во зграда на улицата „Широк дол“ во Штип. Според командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев опожарени се два стана во зградата.

Пожарникарите со маски и боци со кислород ги извлекуваа станарите од зградите. Коцев вели дека пожарот е изгаснат, а дојавата е од страна на станарите во 18.35 часот. На терен се излезени 16 пожарникари со четри возила на ТППЕ-Штип.

Станарите велат дека глетката била страшна, а пожарот избувнал во стан, во којшто немало струја. Според нејзините соседи ова не е првпат да се запали овој стан, се сомневаат дека пожарот настанал од запалена свеќа.

Според надлежните од Итната медицинска помош во пожарот полесно се повредени две лица, на кои медицинскиот тим им даде и кислородона поддршка. Полицијата е самото место, по што ќе следи увидот и утврдување на причините за пожарот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.