Во текот на вчдерашниот ден се пријавени пожари во стан во скопски Карпош и во две куќи, во Струга и во Гостивар. Според Билтен на МВР, нема повредени лица, а материјалната штета дополнително ќе се утврдува.

Во Полициска станица Карпош, вчера во 02.10 часот Д.Н.(63) од Скопје пријавил пожар во неговиот стан на подрачје на Карпош. Пожарот е изгаснат од противпожарната екипа Скопје и се работи на расчистување на случајот.

 

Во СВР Охрид, вчера во 13.15 часот било пријавено дека во куќа на ул. „Ристо Крле“ во Струга, сопственост на Ј.Р.(31), настанал пожар од кој биле опожарени повеќе простории во куќата. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Струга, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Струга.

 

Пожар настанал и во куќа во гостиварско село Здуње, сопственост на Р.Ш, а бил пријавен вчера во 11.10 часот во Полициска станица Гостивар. Интервенирала гостиварската противпожарна единица, а увид извршила екипа од Полициска станица Гостивар, информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.