Тетовската пожарна денеска околу 7:30 часот интервенираше во напуштен објект близу просториите на поранешното превозно претријатие „Полет“, на улицата „Илинденска“.
Во објектот имало едно бездомно лице, а при гаснењето на пожарот со три возила и седум пожарникари, нема повредени.
Ова е втор ваков случај за кратко време, да се интервенира во напуштени објекти каде доаѓа до пожар, а во кои живеат бездомни лица. И во овој објект имаше едно бездомно лице, но за среќа немаше повредени во пожарот. На 27 април интервениравме кај автобуската станица каде изгоре поголем објект, информира командантот на тетовските пожарникари, Ука Алити.
Денешниот случај е пријавен и во полиција, чии служби почнаа увид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.