Околу 17 часот избувнал пожар во автомобил паркиран во дворот од основното училиште „Лирија“ во Тетово. Интервенирала Територијалната противпожарна единица Тетово.
По пријавата веднаш заминавме за интервенција. Автомобилот е марка „рено“ до тетовски таблици, имаше и експлозија, возилото имаше плински уред. Огнот е целосно изгаснат, информира Авни Амети, командир на Територијалната противпожарна единица Тетово.
За време на летниот распуст Општина Тетово ги пренамени дел од училишни дворови во слободни паркиралишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.