Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска информираа дека пожарот над велешкото село Мелница е изгаснат. Чад има само од мал дел од опожарените трупци, но поради дождот, се очекува тие во целост да бидат изгаснати.

-Регионалниот ЦУК Велес информира дека во 10:10 часот од ЈП „Национални шуми“ – Подружница „Бабуна“ од Велес известија за пожарот над с.Мелница, кај месноста „Ливаѓе“, што гореше од 15:40 часот вчера, дека уште мал дел од опожарените трупци чадат. Но, заради дождот што во моментов врне, истите ќе се изгаснат во целост, се вели во информацијата од ЦУК.

Од ЈП „Национални шуми“ – подружница Бабуна – Велес вчера соопштија дека пожарот е на непристапен терен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.