Пожарот кој попладнево избувна во станбен објект во Мичурин е изгаснат по интервенцијата на екипите од Противпожарната единица на Град Скопје.

Според информациите од Противпожарната единица, нанесена е материјална штета но нема починати или повредени во текот пожарот.

Противпожарната единица интервенираше со четири возила и 12 пожарникари за гасење на пожарот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.