Во пожарот кој ноќеска беше разгорен во селото Бељаковце во Општина Старо Нагоричане изгорени се две куќи и две помошни простории, додека со селото Ругинце изгорена е една стара напуштена куќа, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожарот, додаваат од ЦУК, е изгаснат два часа по полноќ.
„Пожарот се движеше во два правци со линија подолга од еден километар, а и двата крака дополнително загрозуваа други куќи од овие две села. Ветрот го ширеше огнот многу брзо, изгореа високата сува трева, трња, дрвја, а меѓу нив и лесно горливите ниски смреки и други зимзелени дрвја. Чекањето на раните утрински часови, кога можеа да полетаат двата полициски и еден армиски хеликоптер, ќе предизвикаше дополнителен ризик за куќите и населението во овие две села. Затоа пожарникарите интервенираа во текот на ноќта со гаснење по земја“, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.