Затвореникот Беким Мемети, кој синоќа рани затворски полицаец на пат кон болница и избега бил осуден на затворска казна за убиство извршено во 2016 година во тетовска Мала Речица, открива Телма.

Мемети првично бил осуден во отсуство, а во 2020-тата година бил уапсен во Берлин во Германија по што бил екстрадиран. Му била повторена постапката во суд и повторно е осуден на долгогодишна затворска казна.

Во септември 2016 година на улица 188 во Мала Речица имало расправика меѓу две групи при што едно лице загинало, за што бил обвинет и осуден Мемети, кој сега повторно е во бегство.

МВР тогаш објави детали за убиството со следното соопштение:

Во пресметката учествувале А.Б. (33) и Б.М. (30) од една страна и Х.М. (37), М. Х. (34) и Х.К. (39) сите од Тетово. Б.М. со огнено оружје почнал да пука кон Х.М., М.Х. и Х.К.

Х.М. починал на самото место, а Х.К. и М.Х. добиле прострелни рани.

Телото на починатиот е предадено на обдукција. Тетовската полиција презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Бегалецот Мемети беше најден во Германија, а синоќа во чудни околности успеа да избега од комбе на затворската полиција на пат кон болница. Пријавено е дека Мемети успеал да го земе пиштолот од возачот на комбето покрај уште тројца затворски полицајци, да го рани затворскиот чувар со неговото службено оружје и да избега со автомобил кој бил во близина на местото на инцидентот. Бегството е прикавено во 23:30 синоќа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.