Истакнатиот активист на ДУИ, Исмет Гури, по кого беше распишана меѓународна потерница, во текот на денот самиот се пријавил на полиција и веќе е во затвор, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Гури, заедно со Ејупи Алими, беше опфатен во предметот „Титаник 3“ за уништување изборен материјал на локалните избори во 2013 година. Обвинението беше отворено во 2017 година од поранешното СЈО.

Поранешниот заменик директор на Управата за јавни приходи, најпрво доби затворски притвор кој подоцна му беше заменет со куќен, поради здравствени проблеми. Против него беше распишана меѓународна потерница, бидејќи избега од куќен притвор на почетокот на оваа година, откако не бил пронајден на адресата на која требал да ја издржува мерката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.