Утринава во 2:15 часот било пријавено дека во угостителски објект во населба Аеродром, Скопје, Д.М. (37), И.М. (32) и Ц.Б. (51) сите од Скопје, го нарушиле јавниот ред и мир со тоа што кршеле инвентар. Причината за ова, според пријавеното во полиција, е затоа што откако побарале да бидат услужени им било речено дека објектот не работи.

По целосно расчистување на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.