Едно полициско возило и два искршени автомобили во сообраќајка која се случи синоќа, и утрово го блокираат надвозникот на скопската обиколница кај клучката Радишани. Автомобилите ја блокираат насоката кон Радишани, па возачите кои одат во тој правен ја користа спротивната насока, на самиот надвозник, поради што се создаваат колони нервозни возачи.
Од МВР велат дека во сообраќајката нема жртви, а повредени се двајцата возачи. Во 19 часот вчера полицијата била известена дека на надвозникот на обиколницата се судриле „БМВ“ со тетовски регистарски таблички и „голф“ со скопски таблички.
Надвозникот на обиколницата кај клучката Радишани со месеци е во мрак. Токму на местото на несреќата има канделабра, исто како и на сите останати делови на надвозникот, но не светат. Возачите на надвозникот во мрак бараат каде да свртат за да се симнат на обиколницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.