Детето кое денеска беше пронајдено во Маџир маало е вратено кај родителите, соопшти претходно МВР.

Во 11.50 часот на ул.„Стефан Цветковиќ“ во Скопје, во близина на Народна банка, од граѓанин е пронајдено машко дете на возраст од четири години, кое било со тротинет и кое не зборувало. Околу 14.30 часот детето било пријавено за исчезнато во Полициската станица Чаир и набргу потоа во Полициската станица Центар е предадено на родителите, соопшти предмалку скопската полиција.

Оттаму додаваат дека исто така, денеска, во Бит Пазар од граѓани било пронајдено петгодишно девојче кое било однесено во градинката „Фидани“ од каде била земена од нејзината мајка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.