Во Полициското одделение Теарце вчера било пријавено дека на место викано „Караџица“, атар на с.Јелошник, биле пронајдени човечки коски.

Увидна екипа на СВР Тетово и јавен обвинител извршиле увид, при што било констатирано дека најверојатно се работи за О.Д.(81) која имала здравствени проблеми, а за која на 11.08.2024 во Полициското одделение Теарце нејзината ќерка Т.Г. пријавила дека се оддалечила од домот и според описот во пријавата се совпаѓа облеката и предметите пронајдени кај телото, соопшти СВР Тетово.

По наредба на обвинителот деловите од телото биле предадени на обдукција.

80-годишната Олгица Димитровска, која боледувала од деменција, за викендот 10,11 август престојувала во шарпланинското село Јелошник, Општина Теарце.

Нејзината ќерка забележала дека ја нема од околу 8 часот утрото, а по неколку часовна безуспешна потрага низ селото било пријавено и во полицијата. Семејството побара помош за нејзино наоѓање и преку социјалните мрежи и медиумите. Неколку дена во атарот на селото Јелошник беа организирани повеќе неуспешни потраги во кои учествуваа специјални единици на МВР, планинари, алпинисти, пожарникари и граѓани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.