Педесет и четиригодишниот Ѓ.И од Делчево кој бил пријавен за исчезнат изминатиот петок е пронајден мртов. Информацијата за пронаоѓање на починатиот делчевец ја потврдија од делчевската полиција од каде информираа дека неговото мртво тело е пронајдено покрај патот кој води до село Киселица.

На 09.04.2022 во Полициската станица Делчево е пријавено дека покрај патот во с.Киселица, делчевско, бил пронајден починат Ѓ.И.(54) од Делчево, за кој на 08.04.2022 неговата сопруга пријавила дека се оддалечил од домот, информираа од полицијата во Делчево.

На телото на 54 годишникот од Делчево не биле видливи траги на насилство, што е констатирано од лекар во Итна медицинска помош.

По наредба на Јавен обвинител како што додаваат телото на починатиот било предадено на семејството, откако претходно увид извршила екипа на ОВР Делчево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.