Жител на Делчево, кој бил пријавен за исчезнат, вчера е пронајден мртов покрај пат во близина на селото Киселица, соопшти полицијата.
На 09.04.2022 во Полициската станица Делчево било пријавено дека покрај патот во с.Киселица, делчевско, бил пронајден починат Ѓ.И.(54) од Делчево, за кој на 08.04.2022 неговата сопруга пријавила дека се оддалечил од домот. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството, информира МВР.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Делчево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.