Вчеравечер во 21.05 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ј.Ф.(46) од тетовско Желино.

Како што соопштија од полицијата, околу 19.30 часот на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, тој со своето возило „фиат пунто“ неколку пати удрил во возило „опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал С.Р. (30) од Тетово, при што со повреди се здобила М.Р., констатирани во Клиничката болница Тетово.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде
изготвен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.