Поднесена е кривична пријава по брза постапка против Б.И.(24) од скопското село Буковиќ поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дела „насилство“ и „предизвикување општа опасност“.

Како што соопшти МВР, Б.И. се сомничи дека на 21 септември 2023 во атарот на скопското село Семениште со нож му нанел повреди на А.С.(23) од село Сарај. Потоа од пиштол испукал неколку пати кон него, но не го погодил.

По преземени мерки и активности, на 25 септември 2023 година, тој бил лишен од слобода и со кривичната пријава ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.