Дваесет и седумгодишник од неготинско село, кој им се заканувал на родителите и предизвикал пожар, бил приведен во текот на вчерашниот ден, информираа денеска од СВР – Велес.

Во 11:30 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода М.А., постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом се заканувал на своите родители, по што предизвикал пожар, кој бил изгаснат од неговата мајка, појаснуваат од СВР – Велес.

Лицето било задржано во полициска станица. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи – Неготино.

Оттаму велат дека по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.