Тепачка попладнево се случила меѓу членовите на Управниот одбор и обезбедувањето во Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Скопје.
Како што објави „Фокус“, проблемот настанал кога по наредба на директорот Драган Илиевски, на членовите на УО им било забрането да држат состанок во канцеларијата на четвртиот кат каде со години се држат состаноци, туку требало да одат на петтиот кат каде нема канцеларија, туку требало да држат состанок во ходник.
Тие не прифаќале да одат на петтиот кат, но реагирало обезбедувањето, кое не ги пуштило да влезат во канцеларијата, по што настанала турканица.
И од МВР потврдуваат дека кај нив била пријавена тепачка во јавното претпријатие.
На 03.11.2023 година во 13.30 часот лице од Управен одбор на „Водовод“ пријави дека во просториите на ‘Водовод’ дошло до нарушување на јавниот ред и мир. Полициски службеници од ПС Центар се упатени за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.