Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа во 22.30 часот на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода С.И. (30) од Скопје.

Како што соопштија од МВР, за него била издадена централна потерница со која се барал за издржување изречена мерка притвор поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, превидено и казниво по чл. 215 ст.1 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на мерката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.