Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчеравечер во 19:45 часот на патот Гевгелија-Богданци. Во сообраќајката учествувале четири патнички возила, соопшти портпаролката на СВР Струмица, Алекснадра Трајанова.
Во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на регионален пат Гевгелија – Богданци се случила сообраќајна несреќа во која учествувале четири патнички возила – две марка „мерцедес“, „опел корса“ и „хјундаи“. Во несреќата на самото место починал возач на едно од возилата. Увид на местото врши јавен обвинител и екипа на Полициската станица Гевгелија, изјави Трајанова.
Според известувањето од Регионалниот центар на ЦУК-Струмица, патот беше затворен до 23:40 часот, а сообраќајот се пренасочуваше преку селото Богородица.
ТППЕ Гевгелија интервенираше на местото на несреќата со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.