Министерството за внатрешни работи излезе со детали за апсењето на поранешниот припадник и командант на ОВК, Блерим Рамадани. Според полицијата, тој бил приведен на граничниот премин „Јажинце“.
Вчера во 16 часот, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 47-годишниот Б.Р. од Косово, затоа што при пасошка контрола и извршени проверки било констатирано дека во службената евиденција е со мерка „апси“, по барање на Интерпол Србија, информираат од МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Тетово за понатамошна постапка.
Косовските власти побараа негово ослободување. Од косовското МНР соопштија дека со овој случај се занимава амбасадорот на Косово во Македонија и дека приштинските власти работат на брзо ослободување на Рамадани.
Нашиот амбасадор во Македонија, Флоријан Ќехаја, интензивно се залага за постапување по овој случај, а како Министерство за надворешни работи работиме со македонските власти за брзо ослободување на Рамадани, се вели во реакцијата до косовските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.