Неготинец е лишен од слобода бидејќи не почитувал судска забрана и им се заканувал на мајка си и братот, информираа денеска од СВР Велес.
Синоќа во 20 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.А.(27) од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 28-годишен брат, според која тој не го почитувал решението од Основен Суд Неготино со мерка забрана за приближување и влегување во домот, па дошол во домот и им упатил закани на пријавителот и нивната мајка, појаснија од СВР Велес.
Оттаму информираа дека З.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.