Согласно законскиот рок, денеска беше поднесено обвинение за случаите на киднапирање и убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежов.
Во обвинението, ОЈО открива нови детали за кривичните дела. Нивната истрага покажала дека и велешанецот, исто како и убиеното девојче, бил грабнат од домот и ставен во багажникот на неговиот „цитроен“.
Како што се наведува, на 22.11.2023, заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен” за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Обвинетите отишле до куќата на оштетениот, физички го совладале и го врзале, а потоа го ставиле во багажникот и се упатиле до местото викано „Рудник” во околината на Велес, каде од користољубие и на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот со огнено оружје – пиштол со калибар 9 милиметри, се вели во обвинението.
Целото обвинение против соизвршителите тука:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.