Центарот за управување со кризи информира дека и денеска продолжува потрагата по возачот на возилото кое пред два дена излета во реката Вардар.

-Во моментов на терен се раководителот и вработените во РЦУК Тетово кои од лице место информираат дека во 09 часот пристигнале на терен едно специјализирано лице од МВР, 6 лица од специјалната антитерористичка единица „Тигри“, екипа од ДЗС 8 лица, 4 нуркачи од Тетово, 4 нуркачи од Кочани, 6 пожарникари и 10 луѓе од ЕЛС Желино, информира ЦУК.

Екипа од ДЗС Тетово побарала во текот на денот да ангажира и екипа од ДЗС Велес и да се изврши пребарување во малото езеро во Зелениково.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.