Денешната дојава за поставена бомба во едно училиште во Скопје се покажа како лажна пријава, информира МВР.

Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираат дека случајот во СВР Скопје е пријавен околу 14 часот, откако на меjл адреса на училиштето е упатена закана за поставена експлозивна направа.

– Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и антитерористички проверки, при што е утврдено дека станува збор за лажна пријава. Превентивно се евакуирани и други училишта во Скопје и во тек се детални проверки и на овие објекти, велат од МВР.

Ова е трет ден како на меjл се испраќаат пораки за поставени бомби. Во изминатите два дена, по направените проверки од страна на МВР беше утврдено дека пријавите се лажни



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.