Вчера во 20.45 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив со изгореници била донесена М.П.(58) од Скопје, која се здобила со повреди околу 19.15 часот, пренесува „Прес24“.
Според пријавеното, додека поминувала покрај шахта со подземни кабли на ЕВН на тротоарот на бул.„Крсте Мисирков“, во шахтата настанала експлозија, при што се здобила со повредите.
По извршениот увид од полициски службеници, било констатирано дека експлозијата настанала како последица од нелегално приклучување на електричната мрежа на ЕВН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.