Гранки, лисја, тупаници летаат меѓу вработени во ЈП „Паркови и зеленило“, се гледа на видеото објавено на социјалните мрежи. Оваа физичка пресметка се случила пред Зоолошката градина во Скопје, а на видеото може да се забележи дека неколку лица ги разделуваат раскараните колеги.
Засега не е позната причината за инцидентот меѓу вработените во претпријатието.
ЈП Паркови и Зеленило, жестока расправа за “Европскиот Манифест” со дрвја, камења, тупаници и аргументи. Јавната дебата се води пред Зоолошка и се очекува победа на Европскиот фронт, со или без градоначалничката pic.twitter.com/olSSVbVqC5
— Wicked Mrchatina (@Mrchatina) August 8, 2023
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.