ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.И.(54) од струшкото село Велешта, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Тој, во текот на февруари 2023 година, на катастарска парцела во Струга, неовластено, без соодветна документација, спротивно на закон и на основниот проект, почнал со изведување на надградба на деловен објект, информираат од МВР.

Од извршениот инспекциски надзор донесено е Решение со кое на инвеститорот му се наложува да ја отстрани надградбата на деловниот објект.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.