Вчера во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар ги лишиле од слобода А.Ќ.(32) и А.Б.(35), двајцата од Скопје.
Тие се сомничат дека околу 19.30 часот во продажен објект во трговски центар на подрачјето на Центар физички ја нападнале вработената и одзеле неколку предмети. Како што соопшти МВР, одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица.
Додаваат дека по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.