Гостиварец е тешко повреден откако вчера попладне паднал од прозорец.
Во Полициската станица Гостивар околу 16.10 часот било пријавено дека Н.Д. на возраст од 41 година од Гостивар паднал од прозорец од зградата во која живеел, додека вршел поправка на ролетна во својот стан.
Тој бил пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот, велат од СВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.