Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие се запалил во скопската оштина Бутел по што интервенирала Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Оттаму информираат дека интервенирале со едно возило и го изгаснале пожарот на запалениот автобус на ЈСП на крстосницата на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ и улицата „Ферид Бајрам“ во населбата Бутел.

Станува збор за автобус ЛАЗ од украинско производство.

Од МИА јавуваат дека немало патници во автобусот на ЈСП Скопје што денеска се запали во близина на старата општина Бутел. Според нивните неофицијални информации пожарот бил предизвикан од неисправна инсталација, но тоа треба да го потврди истрагата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.