Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2 085 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 50,14%, а 49,86% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 59,15%, кон Итната медицинска помош 24,30%, кон пожарникарите 11,62%, а кон АМСМ 0,35% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 924 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 4,58% и на 47,15% именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи.
Последните три дена имаше 53 пожари на отворено, а за последното деноноќие имало 22. Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје, РЦУК Куманово и РЦУК Штип бележат по три, РЦУК Битола и РЦУК Велес бележат по два, РЦУК Струмица еден, а РЦУК Охрид и РЦУК Тетово бележат по четири пожари на отворено. Карактеристичен пожар што предизвикал дополнителна штета, освен на вегетацијата, е во Велешкиот регион каде што пожарникарите од ТППЕ Велес од 13.12 до 14.48 часот, вчера, со два пожарникара и едно ПП возило гаснеле опожарена ниска вегетација, ѓубре и дрво во близина на с.Фојница, кај Фојнички Мост. Биле опожарени и три греди од мостот.
ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено и за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во каналите. Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.
Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.