Густ црн чад попладнево се шири од скопската населба Железара кон центарот на главниот град Скопје поради пожар.

Според првиот човек на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје, Ѕвонко Томевски, пожарот е кај Смилковското Езеро, но веќе е под контрола.

Горат трска и гуми на Смилковското Езеро. Пожарникарите веќе интервенираат – кусо изјави командантот Томевски за „Макфакс“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.