Дваесетгодишен возач е полесно повреден откако вчера излетал со автомобилот и удрил во друго паркирано возило на на регионалниот пат Тетово-Волковија во Брвеница. Незгодата се случила околу 20 часот.

Во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Волковија-Тетово, во Брвеница, патничко моторно возило „форд фиеста“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Д.Ж.(20) од тетовско Јегуновце излетало од коловоз и удрило во паркирано возило „пежо“ со скопски ознаки. Во несреќата возачот Д.Ж. се здобил со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на незгодата увид извршила екипа на СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.