Огромен пожар беснее во Мариово со линија на огнот долга дури 20 километри. Поради итноста на работите во Прилеп заседаваше кризен штаб во присуство на директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов каде се донесе одлука со авиони и од терен да се гаси огнот. Во пожарот ќе бидат вклучени и воздухоплови.
„Рано утринава, околу 200 луѓе – пожарникари, припадници на Армијата, полицајци, вработени во „Национални шуми“, но и локално население се очекува да се упатат кон пожарот во Мариовско и да интервенираат на негово гасење. Ова синоќа во видеоизјава го најави Ангелов, откако пожарот кај Мариово ескалираше.
Пожарот е близу селата Бонче, Крушевица, Дуње и Кале. Рано утрово на терен пристигнаа 25 полициски тигри, 70 војници, 60 пожарникари од Прилеп, Битола, Ресен, Могила, Радовиш, Св. Николе и Струмица. Поради намалената видливост и густиот чад употребата на хеликоптер не е возможна, за тоа се чека да се подобрат условите, соопшти Ангелов.
Тој информира дека вчера на територијата на државата имало 27 пожари. Од нив 4 се активни, 2 се ставени под контрола, а 21 се изгаснати.
Активен е и пожарот во општина Чашка, како и близу месноста Рамно на планината Скппска Црна Гора. Граѓаните да бидат исклучително внимателни, а ако забележат сомнително поведение на некој кој се обидува да подметне или веќе подметнал пожар, истото да го пријави на телефонскиот број 112 или во полиција“, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.