Не можеме да се совземеме од трагедијата која ни се случи. Нашиот син Александар повеќе го нема, и постојано се прашуваме дали ова можеше да се спречи. Нели знаела мајката на убиецот дека тој има ножеви, дека е проблематичен, нели знаеле нешто од Центарот за социјална работа од Прилеп, кога и на училиште се однесувал проблематично? прашува Маријана Димова од Сенокос, Прилеп, мајка на убиениот 14-годишен Александар, избоден од другар во зграда во Прилеп.
Животот на нејзиниот син згасна на 29-ти февруари, околу 19.30 часот. Беше усмртен со десет убоди од нож, а осомничениот 16-годишник, веќе е во 30-дневен притвор, определен од судија за деца, а по барање на прилепското обвинителство.
Маријана вели дека момчето осомничено за убиството на Александар го знаела од видување, бидејќи живеат во исто место, а во минатото повремено се дружел и со нејзиниот син. Раскажува дека таткото на осомничениот починал пред околу 12 години, бил убиен од човек од селото, и таа дури кога го гледала како мало момче, го сожалувала.
Целата сторија на „Фокус“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.