Четириесет и осумгодишна скопјанка, која била оперирана на Клиниката за кардиологија, пријавила во полиција дека ѝ бил одземен накит додека престојувала на клиниката. Според информации на „Слободен печат“ на ограбената жена ѝ бил вграден стент, но додека се освестувала во шок-соба, почувствувала како некој ѝ ги зема бурмата и прстенот од раката.

На 19.04.2023 во 12 часот и 45 минути во СВР Скопје А.О (48) од Скопје пријавила дека ѝ бил одземен накит во една од клиниките во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде претходно ѝ била извршена операција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, од МВР го повррдуваат случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.