Ноќва во 03.20 часот во с.Доброште, тетовско, полицискислужбеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода Г.Ц.(52) од с.Мала Речица, тетовско, кој бил пријавен од лице од
тетовско дека го слушнал како пред неговата куќа разговара со друго лице и се договараат да му постават експлозивна направа кај неговата куќа.
Како што соопшти СВР Тетово, околу 10.15 часот покрај локалниот пат во близина на куќата на
пријавителот, полициски службеници пронашле две неексплодирани рачни бомби, кои биле безбедно подигнати.
Г.Ц. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува
соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.