С.Д. (29) од Гевгелија вчера потешко се повредила откако паднала од својот мопед.

Според информацијата од СВР Струмица, вчера во 14:10 часот било пријавено во Полициската станица во Гевгелија дека гевгеличанката управувајќи мопед „кимко“ со гевгелиски регистарски ознаки изгубила контгрола и со мопедот паднала на коловозот.

Заради сериозноста на повредите била пренесена на лекување во струмичката болница, а увид на местото на местото на сообраќајката извршила екипа на полицијата од Гевгелија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.