59-годишник од Гевгелија, вработен во касарната на АРМ во Велес, бил пронајден мртов.
Имено, случајот бил пријавен вчера во Полициската станица Велес. Било пријавено дека вработениот бил пронајден починат во канцеларија.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, информира портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.
Тој појасни дека извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес, а телото на починатиот, по наредба на Јавен обвинител, било дадено на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.